Денеска, 17 ноември со почетокот во 23 часот во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе настапи легендарниот електронски волшебник Дру МекДоул, најавија од Фестивалот „Десонанз“.
Дру МекДоул е култна фигура во историјата на електронската музика и човекот кој како композитор и продуцент е одговорен за голем дел од психоакустичната магија на Coil, Psychic TV, Current 93, Throbbing Gristle и други проекти од бранот на рана индустриска, електронска и ритуална музика во текот на културната револуција. Неговиот настап во Скопје е дел од светската турнеја која го промовира неговиот втор соло албум, “Unnatural Channel” албум.
Освен Дру, програмата ја дополнуваат македонскиот електронски пионер Влад К. Борг, концертот на VVeltshmerz и DJ сетовите на Andreas Hz & Kronom, додека до раните утрински часови публиката на подиумот ќе ја држи унгарскиот хаус диџеј Имре Кис.
„Десонанз“ е годишен фестивал на нова уметност и современа музика чија мисија е да открива, мапира и промовира автентични изрази на музичка култура и уметност во современото општество. Фестивалот истражува и експериментира со естетските стандарди на мултимедијалната уметност, но и границите на колективната естетика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст