Владата на Црна Гора ја прогласи јахтата „Јадранка“ за непотребна за потребите на црногорските државни институции и ја понуди на јавно наддавање за 80.000 евра.
Јахтата „Јадранка“ за потребите на поранешниот југословенски водач Јосип Броз Тито е изградена во 1977 година во хрватското бродоградилиште во Краљевица.
„Владата го задолжи министерството за одбрана, во согласност со законот за државна сопственост, а врз основа на процените на судски вештак, овој брод да го понуди на продажба преку јавно натпреварување по почетна цена од 80 илјади евра, колку што изнесува процената на вештакот“, се наведува во соопштението на службата за односи со јавноста на црногорската влада.
Доколку не биде успешна продажбата на јахтата „Јадранка“ преку јавната понуда, како што се додава во соопштението, министерството за одбрана е задолжено да формира комисија којашто ќе ги одреди видовите метални и други сировини кои може да се добијат од бродот и почетните поединечни цени на металните и другите сировини, во согласност со цените на пазарот и бродот да го продаде како дотраена, односно отпадна јахта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст