Последните неколку дена во јавноста е актуелизирано прашањето кој ќе биде новиот министер за здравство. Моментално не се шпекулира со конкретни имиња, но познато е дека стои отворена можноста новиот министер за здравство повторно да биде од редовите на Алијансата на Албанците – коментира А1он.
Во поглед на конфликтот кој постои помеѓу Алијансата на Албанците и Демократската унија за интеграции по обвинувањата на Села дека Али Ахмети на 27 април направил обид за атентат врз него, редакцијата на А1он го контактирала Артан Груби од ДУИ со цел да ги произнесе ставовите на неговата партија дали доколку новиот министер за здравство е од партијата на Села ќе го поддржат или ќе има реконструкција на Владата.
-Официјален став од партијата дали ќе го поддржиме изборот за нов министер за здравство доколку биде од Алијансата на Албанците, немаме, не сме разговарале на таа тема, а дали ќе има реконструкција на Владата зависи само од премиерот Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рекол Груби за А1он.
Заев вчера изјави дека разговорите за избор на нов министер за здравство се во тек и дека се разгова за повеќе имиња. Тој најави и реконструкција на Владата доколку биде избран кандидат кој што не е од Алијансата за Албанците.
Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села по 27 април изјави дека „крвавиот четврток“ всушност било обид за атентат врз него од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Од тогаш ДУИ неколку пати побара од Села да се извини за ваквите обвинувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст