Најмалку 15 луѓе загинале во судар меѓу минибус и камион во централна Русија. Според руската полиција камионот и минибусот се судриле вечерва пред Јошкар Оле, главниот град на руската област Мариј Ел.
Гувернерот на оваа област Александер Јевцигњејев, за телевизијата Русија 24 рече дека автобусот навлегол во спротивната сообраќајна лента додека претекнувал друго возило, при што се судрил со камионот.
Полицијата претходно рече дека можно е временските услови да се можна причина за несреќата, бидејќи во таа област денеска паѓал густ снег.
Новинската агенција Тасс, повикувајќи се на персонал од градот Јошкар Оле, јави дека 14 луѓе загинале на местотот на несреќата, а вечерва во болницата починала уште една жена. Четворица патници се хоспитализирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст