Екипата на Рајн Некар Левен доживеа неочекуван пораз пред гостувањето кај Вардар во Скопје во рамки на Лигата на шампионите. Бундеслигашот во домашното првенство ја прекина победничката низа и испушти бодови против Мелсунген, кој славеше со 29-26 (15-13).
РНЛ беше во егал со противникот дваесетина минути, кога на семафорот стоеше 10-10. До крајот на полувремето домаќините дојдоа до предност (15-13), а во вториот дел, „лавовите“ константно бркаа предност која не успеаја да ја надополнат.
Највисоката предност Мелсунген ја имаше во два наврати кога водеше со пет гола (20-15 и 27-22). Најдобар стрелец беше Жулиус Кун со 9 гола, додека кај РНЛ, Енди Шмид даде осум гола. Нашиот Филип Талески остана без минутажа на оваа средба.
Извор: gol.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст