| четврток, 6 декември 2018 |

Заев донира со пари од граѓаните – Како владата набавила инкубатори за гинекологија?

Лапсуз на премиерот или намерна грешка? Претседателот на Владата, Зоран Заев вчера рече дека донираат 16 инкубатори на Клиниката за гинекологија во Скопје. Владата ниту смее ниту може да донира, бидејќи тоа се пари на граѓаните, коментираат познавачите за Алфа телевизија.

Владиниот портпарол на денешната средба со граѓаните го оправда премиерот дека тој во изјавата направил грешка. Не била донација, инкубаторите биле набавени со пренамена на ставки во буџетот, но не објасни од каде се набавени, која е фирмата и  дали е распишан тендер и од кои пари се пренаменети.

Со оглед на тоа дека Владата располага со пари на граѓаните, за секоја набавка или потрошени финансиски средства треба да дадат отчет и јавно да се знае на што се троши државниот буџет. Денеска гласноговорникот на Илинденска бб не објасни ништо за набавката, на клиниката.

Инаку денеска Одделот за гинекологија и акушерство од кумановската болница доби инкубатор наменет за предвремено родени новороденчиња. Со овој инкубатор, вкупно во кумановската болница има пет инкубатори.

Заев најави дека дека наскоро ќе бидат доставени уште 10 инкубатори низ другите клиники.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top