| четврток, 6 декември 2018 |

70 деца помали од три години чекаат да бидат посвоени

Секое дете има право да расте покрај своите родители. Сиромаштијата или пречките во развој никогаш не треба да бидат изговор за одвојување на детето од биолошкото семејство и негово сместување во институција ова беа пораките кои денеска ги испрати УНИЦЕФ. Бројките поразителнуи околу 250 деца живеат без семејства од нив 70 се на возраст под 3 години.

„Прво треба да работиме со здравствениот систем и со системот на социјални услуги, за да го спречиме напуштањето на децата на самиот почеток. Второ треба да го подобриме и да го прошириме сместувањето во згрижувачки семејства и посвојувањето. Трето, за децата кои не можат да останат во своето биолошко семејство, треба да воспоставиме мали групни домови во кои колку што е можно повеќе ќе се реплицира семеен начин на живеење“, рече Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во земјава.

Според министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска институциите досега не го дале ефектот за развој и грижа за овие деца. Владата ќе се заложи до 2020 година да се стави крај на ваквото згрижување.

Шефот на Делегацијата на Европската унија, Самуел Жбогар порача дека сместување на дете во институција има штетно влијание врз неговиот развој и работат на европските насоки за транзиција од институција кон грижа на ниво на заедницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top