Деновиве на социјалните мрежи и преку Фејсбук кружи информација дека уникатен лек за успешен третман на зглобовите, во договор со лекари и аптекари, се крие во аптеките ширум земјава и притоа не им се препишува на болните. Истовремено се потенцира дека доколку се користи лекот болките веднаш ќе исчезнат, а пациентите ќе се излекуваат. Според информацијата, фармацевтите го криеле токму најпродаваниот препарат за лекување на зглобовите, со што ги оштетиле пациентите бидејќи тие немале можност соодветно да се лекуваат.
Но она што го забележаа читателите веста е објавена заедно со логото на Министерството за здравство, за да се создаде впечаток дека позади оваа информација стои и ресорното министерство.
За среќа, злоупотребата на оваа здравствена институција навреме е откриена, за што ни потврдија и од самото Министерство за здравство. Тие ни посочија дека сите релеватни институции се запознаени со овој случај меѓу кои и Агенцијата за лекови на РМ, Државниот здравствен и санитарен инспекторат, како и Министерството за внатрешни работи (МВР).
-Сметавме дека за овој случај треба да биде информиран МВР, односно одделот што е задолжен да го третира комјутерското истражување – велат од министерството за Вечер и дополниле дека штом ќе ги добијат информациите од инспекторите веднаш ќе ја информираат јавноста.
Стапивме во контакт и со надлежните на МВР од каде ни потврдија дека се информирани за злоупотребата на логото на Министерството за здравство.
–Информираме дека е регистриран случајот и измамата, направен е контакт со службеници од Министерството за здравство со цел добивање на дополнителни податоци за случајот со цел за истото да го известиме јавниот обвинител – потврдиле за ВЕЧЕР од МВР.
Од Вечер додаваат: Додека го пишувавме тектот и воспоставивме контакт со релевантните институции, сајтот каде што беше пуштена оваа информација беше блокиран, а постепено исчезнуваа и информациите што беа поставени на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


