| четврток, 6 декември 2018 |

Кого комарците најмногу касаат?

Според експертите, постојат неколку фактори кои одредени луѓе ги прават пожелни за комарците.

1. Бременост

Бремените жени издишуваат повеќе јаглерод диоксид, кој ги привлекува комарците. Тоа е загрижувачки, бидејќи вирусот Зика, кој го пренесуваат комарците, претставува сериозен ризик за вродени дефекти кај новороденчињата ако жените се заразат за време на бременоста.

2. Вежбање

По трчање надвор, очекувајте да добиете неколку каснувања од комарци. Тоа е затоа што инсектите се привлечени од млечната киселина. Тоа е соединение произведено по вежбањето, а комарците го сакаат.

3. Алкохол

Здравствените експерти сметаат дека алкохолот е атрактивен за комарците, бидејќи ја зголемува телесна температурата, што дополнително луѓето ги прави привлечни за убод на овие инсекти.

4. Крвна група

Според една студија, луѓето со 0 (нулта) крвна група имаат 83 отсто поголеми шанси да бидат каснати од комарци. Најмалку пожелни за комарците се луѓето со крвна група А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top