| четврток, 6 декември 2018 |

Ја киднапирал заканувајќи и се дека ќе и го убие сопругот и семејството

Осумнаесетгодишната Е.А од гостиварско Дебреше, вчера пријавила противправно лишување од слобода, а осомничен дека го извршил е 20-годишниот Ф.М. од Пирок.

-Според нејзиното кажување, со Ф.М. пред повеќе од два месеци се запознале преку социјалната мрежа „Инстаграм“ и на 6-ти минатиот месец се сретнале во фризерски салон во Гостивар, од каде наводно насилно ја внел во неговото возило и заканувајќи и се дека ќе и го убие сопругот и други членови на семејството и го одзел мобилниот телефон и ја однел во неговата куќа во Пирок, информираат од СВР Тетово.

Додека била во куќата на Ф.М, наводно не и бил дозволен никаков контакт, но вчера околу 16 часот и 30 минути таа успеала да им се јави на родителите и побарала да дојдат да ја земат.

Сите инволвирани повикани се во СВР Тетово, разговарано е со нив и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top