| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот напаѓач го остави фудбалот за музика: Пивото и скарата ги сакам повеќе од парите

Поранешниот напаѓач на Рома, Фиорентина и Саутемптон, Пабло Освалдо го напушти фудбалот за да и се посвети на музиката. Тој во интервју за италијанска Газета говори за својата необична одлукам да го напушти фудбалот и да се откаже од милионската плата за да гради музичка кариера.

– Одлучив да ја напуштам Бока, таму имаше премногу озборување. Не можев да излезам од дома на мира, се плашев од луѓето. Не можев ништо да правам. Потоа имав понуди од неколку клубови од Кина, но ми беше доста од се. Почнав да го мразам она што некогаш најмногу го сакав, изјавил тој.

– Фубалот бара почитување и љубов, а мене сакарата и пивото ми се подраги од парите, додал Освалдо.

Тој раскажал и една случка од времето кога настапување за Интер под водство на тренерот Роберто Мансини со кој и физички се пресметал:

– По натпреварот со Јувентус го удрив и го прашав дали сака физички да се пресметаме. Тој само ми рече – Немој да зборуваш вакви работи пред сите. Потоа отидов во неговата канцеларија со плачење, ми беше срам од своите постапки, дополнил Освалдо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top