| четврток, 6 декември 2018 |

Каде се исселуваат најмногу Македонци?

Ова се податоци од ОН, преточени во графиката на Јакуб Маријан врз основа на тие податоци – тие се засноваат на местото на раѓање (не државјанството или етничката припадност) што значи дека Украинците родени во Русија кои подоцна ќе се преселат во Украина се сметаат за емигранти од Русија дури и ако се етнички Украинци, објави „Факултети.мк“.

Дел од резултатите се изненадувачки. Русија веројатно не е дестинација за избор на етничките Естонци и Летонци; но сепак и двете земји историски имале големи руски малцинства, кои значително се зголемиле за време на советската ера и потоа започнале да се намалуваат по распаѓањето на СССР.

Најпопуларните дестинации за емиграција:

Русија > Украина
Белорусија > Русија
Украина > Русија
Полска > Германија
Словачка > Чешка
Чешка > Германија
Словенија > Германија
Хрватска > Србија
Србија > Австрија
БиХ > Хрватска
Македонија > Турција
Црна Гора > Србија
Бугарија > Турција

Слично на тоа, повеќето емигранти од Македонија во Турција се етнички Турци. Истото се случува и со Бугарија. Ако емигрантите од Турција се исклучени, повеќето Македонци емигрираат во Швајцарија, а повеќето Бугари емигрираат во Шпанија. Миграциите на Хрватска, Србија и Босна се резултат од локалните балкански војни што се случија во текот на 90-тите.

Моделот што се гледа во Русија, Украина и Белорусија е очекуван, со оглед на тоа што до 90-тите беа една нација со мешано население. Ако ги исклучиме постсоветските држави, Русите најчесто емигрираат во Германија, а Украинците и Белорусите во Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top