| четврток, 6 декември 2018 |

Миранда Кер и основачот на Снепчет го очекуваат своето прво дете

Светски познатиот топмодел Миранда Кер очекува дете со младиот милијардер Еван Шпигел. Миранда убавата вест ја соопшти по шест месеци брак со основачот на социјалната мрежа Снепчет.

Иако ова е нивно прво заедничко дете, Миранда веќе го има синот Флин од претходниот брак со холивудскиот актер Орландо Блум.

„Миранда, Еван и Флин со радост го очекуваат доаѓањето на новиот член на семејството“, пишува „ЈуЕс викли“. 34-годишната Миранда и Еван се во брак од мај. Двојката ја најави свршувачката уште во јуни 2016 година кога Миранда на својот профил на Инстаграм објави фотографија од дијамантскиот прстен.

И покрај возрасната граница Миранда вели дека 27-годишниот Еван е многу зрел.

– Доаѓа од работа порано. Не излегуваме, преферираме да вечераме дома и одиме рано на спиење. Родителството ме научи на трпение и безусловна љубов – рекла Миранда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top