
Соообраќајот на „Јужен булевар“ во Скопје од изутринава се пренасочува по улицата „Јордан Мијалков“.
Како што потврдиле за МИА од МВР, пренасочувањето е поради насобрана поголема количина на вода зад Трговскиот центар „Рамстор“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека се работи за дефект со канализацијата, кој утрово бил пријавен. На терен се две цистерни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


