| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС ветуваше подобар живот за сите, но во реалноста нуди сиромаштија за сите

-Владата на шверцерски начин по 23 часот објави дека донела одлука со која ја зголемува акцизата за нафта со која на секое семејство ќе му одзема по една просечна плата, пари кои семејството од својот буџет ги дава да располага Владата која пак го зголемува буџетот за патни трошоци и дневници, која нема ниту еден развоен проект освен оние кои ги препишува од ВМРО-ДПМНЕ – обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека „Владата на СДС ветуваше подобар живот за сите, но во реалноста нуди сиромаштија за сите“.

-Владата на СДС покажува дека оди со камшик против граѓаните, а со одлуката за зголемена акциза на нафтата се удира шамар на таксистите, превозниците, домаќинствата, земјоделците – велат од ВМРО-ДПМНЕ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top