| четврток, 6 декември 2018 |

Мајсторе, што пееше, пееше – Саша Матиќ проговори за тешките моменти!

Пејачот Саша Матиќ ги откри причините поради кои за малку ќе ја напуштел естрадата.

Пејачот кои овие денови е актуелен поради дуетот со Цеца, минатата година за малку ќе ја прекинел кариерата.

-Минатата година, кон крајот на јуни, за прв пат во животот помислив: Мајсторе, тоа е тоа, што пееше, пееше! Никогаш не мислев дека дотаму ќе дојде, но дојде – се присетил Саша на летото 2016 година, кога воспалението на грлото било толку силно, што за малку ќе останел без глас.

-Тоа се лечи со терапија. Еден одличен доктор во Травник ми го прегледа грлото и ми даде терапија. Поради тоа морав да забавам со работата. Тогаш само лежев и пиев тоа што ми беше препишано – раскажал Матиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top