| четврток, 6 декември 2018 |

Темната страна на човештвото: Во светот има повеќе од 152 милиони деца кои работат!

Додека милијарди долари се трошат на откривање на далечни галаксии, планетата Земја и натаму е дом на тажни реалности, кои може да се решат и многу поевтино, а една од нив е дека повеќе од 150 милиони деца работат во ужасни услови, пренесува агенцијата “IPS”.

Како што се наведува, од тој број, 60 проценти од децата се на возраст од 5 до 17 години, а се занимаваат со земјоделие, рибарство, шумарство, сточарство.

Дури 67,5 проценти од 152 милиони девојчиња и момчиња се злоупотребуваат како евтина или неплатена работна сила, а тој процент е најголем во секторот на земјоделието. Овие “страшни податоци” кои ги објавила агенцијата на ОН, покажуваат дека земјоделието е еден од трите најопасни сектори по бројноста на смртни случаи, несреќи и професионални заболувања.

“Сиромаштијата е главна причина за вработувањето на деца во земјоделството, покрај ограничениот пристап до квалитетно образование”, соопштила Меѓународната работничка организација. Една од агенциите на ОН, специјализирана за храна и земјоделство – “FAO”, истакнала дека е факт дека околу 108 милиони деца се вработени во земјоделскиот сектор и дека најчесто работат во текот на денот и се соочуваат со професионални ризици.
Работата на децата ги загрозува нивните права, навела агенцијата и додала дека загрозувањето на образованието и здравјето на младите е пречка за развојот на земјоделството и безбедноста на храната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top