| четврток, 6 декември 2018 |

Грејс Мугабе го напуштила Зимбабве?

Грејс Мугабе, сопругата на претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, веројатно ја напуштила земјата и заминала во Намибија, соопшти британската телевизија Скај њуз.

Претходно денеска зимбабвиските војници го приведоа Роберт Мугабе и неговото семејство, го блокираа пристапот до владините згради и Парламентот во главниот град Хараре и ја презедоа контролата врз државната телевизија.

Според јужноафриканскиот весник „Ситизен“, кој се повикува на безбедносни извори на Јужноафриканската Република, Мугабе постигнал договор со армијата да поднесе оставка доколку на неговата сопруга и биде дозволено да го напушти Зимбабве и да добие азил во странство, можеби во Јужна Африка.

Инаку, како што наведуваат аналитичарите, можно е Мугабе да е сменет заради можноста неговата 40 години помлада сопруга Грејс да ја преземе валста.

„Проверени извештаи наведуваат дека Мугабе испреговарал Грејс да ја напушти земјата додека тој се подготвува да си замине од власт“, јавуваат африканските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top