| четврток, 6 декември 2018 |

Џон Траволта сексуално го нападнал неговиот партнер од филмот Брилијантин

Џон Траволта му се нафрлил на неговиот колега Џеф Конавеј за орално да го задоволи додека тој спиел. Проблемот е во тоа што Конавеј не сакаше, тврди неговата поранешна свршеница Вики Лизи, која сега изнесе такви обвиненија против Траволта.

Новите обвиненија ги објави ,,National Enquirer,, за овој инцидент што се случил во 90-тите, во куќата на Џеф Конавeј.

Вики тврди дека она што се случило таа ноќ толку го вознемирило нејзиниот поранешен партнер, а тоа било и причина за завршување на долгогодишната дружба со тогаш веќе големата филмска ѕвезда.

Таа тврди дека Конавеј кој настапувал со Траволта на Бродвеј, а потоа и на филм, за тоа напишал во своето писмо кога се обидел да направи самоубиство во 2006-та година.

Овие тврдења се во доменот на шпекулациите и нагаѓање, бидејќи Конавеј, за жал почина во мај оваа година од компликации поради пневмонија. Вики за Стар (еден друг магазин) се осврна и на тоа како Џеф зборувал за тоа како Траволта и неговата сопруга Кели Престон имаат брак кој е фарса. Џеф ми рече дека Кели знаела дека Џон е геј.

radar.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top