| четврток, 6 декември 2018 |

Каква ќе биде 2018 за вас, според хороскопскиот знак?

Овен – за родените во овој знак, 2018 носи многу интересни настани. На почетокот на годината ќе почнете да ги исполнувате своите соништа, но на многу голем и забележлив начин. Многу важно ќе биде да работите напорно за да ги остварите. Овните често се однесуваат како да го саботираат својот успех, бидејќи го губат фокусот или стануваат нетрпеливи. Сепак, оваа година ќе треба малку да го смените пристапот. Резултатот ќе биде евидентен.

Бик – 2018 за вас ќе биде година на сепеспознавање, исполнета со многу откритија за себе. Ќе забележите промени кај себеси кои ќе ви помогнат да сфатите кои сте, но и што друго сакате да менувате кај себе. Ова ќе биде година кога ќе се обидувате да го најдете своето место под светот. Ќе бидете многу благодарни за тоа.

Близнаци – оваа година ќе ве подготви за големи промени во животот. Ќе ви донесе физички и умствени промени, но и многу можности за успех. Грабнете ги сите можности кои ќе ви дојдат во животот. Туркајте и трчајте со полна брзина. Оваа година е целата со ризици и промени на подобро.

Рак – 2018 година носи огромна радсот и промени. Ќе ви донесе богатство и многу надеж, за разлика од 2017. Ќе бидете благословени со оптимизам и позитивно размислување во вашиот секојдневен живот. Конечно, самодовербата ќе ви биде на подобро ниво. Во 2018 ќе блеснете и ќе станете личноста која сакавте отсекогаш да бидете.

Лав – оваа година за Лавовите ќе биде се освен досадна. Полна со убава енергија за која ќе се прашувате од каде е сето тоа. Ќе заборавите на болката од старите врски и ќе се чувствувате како да почнувате од почеток. Конечно ќе се ослободите од негативноста која ви пречеше во животот. 2018 ќе биде година на опуштање, убави авантури и ново поврзување. Ќе почнете да го користите своето его како предност, наместо за конфликти со другите, како претходно.

Девица – 2018 ви ги носи промените кои ги посакувате долго. Ќе биде година на личен развој и ќе ви донесе порационален и позитивен пристап. Ќе имате повеќе самодоверба, а другите ќе ве забележуваат повеќе од вообичаено. Ќе мислите дека можете да постигнете нови нешта и ќе бидете во право. Ова е незаборавна година за вас.

Вага – оваа година ќе мислите на себе и своите потреби. Конечно малку ќе подзаборавите на другите луѓе и ќе мислите повеќе на себеси. Полека ќе научите да ја насочувате енергијата кон тоа што ви треба и сакате да го постигнете за да постигнете долгорочна среќа, а не краткорочно подобрување. Ќе се фокусирате на тоа што ви е важно. Оваа година е исполнета со раст и развој и убави, големи нешта.

Скорпија – ова е година во која ќе размислувате многу. Во минатото бевте многу самокритични и се држевте цврсто за своите грешки и дозволувавте тие да ве изедат живи, но оваа година ќе научите дека за некои нешта не можете да направите ништо. Конечно ќе дојдете до фаза кога ќе сфатите дека тие всушност ве прават човек. Тоа ќе биде голема животна лекција за вас која ќе ви помогне во многу ситуации.

Стрелец – нема да трошите многу време во 2018 година. Ќе бидете водени од желбата за живот и волјата за промени. Ништо нема да ве успори во вашата намера. Нема да престанете додека не ја остварите својата мисија. Тоа ќе биде година кога ќе постигнете успех на многу полиња – романса, пријателство, семејство, кариера. Конечно ќе сфатите колку потенцијал имате во себе. Ќе се чувствувате како нова личност.

Јарец – ова е година во која ќе направите вашиот талент и вештини да го доживеат својот сјај. Ќе останете смирени и фокусирани на работата, а тоа многу ќе ви се исплати. Нешто на што работевте долго, конечно ќе доживее успех. Можеби бевте незабележани во однос на работата во минатото или пак вие си мислевте така, но оваа година ќе ви донесе покажување на вашиот талент и многу награди.

Водолија – 2018 е година на големи промени. Во минатото имавте проблем со промените и не сакавте да примените ништо, но тоа се менува. Ќе се смените на подобро. Ќе забележите прогрес и тоа ќе биде мотивација за вас да продолжите понатаму. Конечно ќе почнете да верувате во своите способности.

Риби – подгответе се за година полна со креативна енергија. Конечно доаѓа време кога ќе бидете целосно исполнети. Ќе дојде нов бран на креативност и тоа ќе ве инспирира да направите нови нешта. Вие сте уникатна личност и поседувате голем талент, а оваа година тоа највеќе ќе дојде до израз. Не се плашете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top