Најпопуларната пејачка од поранешна Југославија ќе пее во еден хотел во Петровац, а подготовкие за дочекот на 2018 година на големо се почнати.
Лепа Брена договори настап во најлудата ноќ во еден луксузен хотел во Петровац за кој ќе добие дури 100.000 евра.
-Менаџментот на хотелот по секоја цена сака најголемата балканска фолк ѕвезда да и пее во најлудата ноќ. Поради тоа не штедеа на хонорарот за Брена, ниту на декорацијата на силата во која гостите на хотелот со Брена ќе ја дочекаат новата година, вели на почетокот од разговорот извор близок до пејачката и објаснува дека Брена веќе почнала да се подготвува за настапот.
-Веднаш и понудија 100.000 евра, што таа без многу размислување ги прифати. Освен хонорарот, пресудно беше и тоа што овој пат ќе настапи во затворен простор, зошто претходните години за дочекот главно пееше по градските плоштади. Како голем професионалец, ни ова дружење со публиката нема да го препушти на случајот, па веќе почнала да го осмислува настапот. Сака на гостите во хотелот во кој ќе пее да им остане во најубаво сеќавање, па со денови внимателно го бира репертоарот, вели зивор близок до пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст