| четврток, 6 декември 2018 |

Непотизам без срам: Директорката на болницата во Охрид си го унапредила сопругот

Директорката на Кардиолошкиот завод „Св.Стефан“ во Охрид, Гордана Доневска, пред три недели го унапредила својот сопруг како раководител на болнички сектор, што практично е втора највисока функција во болницата. Сопругот на актуелната директорка, докторот Зоран Доневски, претходно имал функција на доктор во амбуланта и вршел прегледи на пациенти, а сега одлучува за клучни работи во болницата и е надлежен за пациентите, персоналот, како и поединечи одделенија во установата.

Доневска, во изјава за „Макфакс“ потврдува дека пред три недели го унапредила својот сопруг и според неа, нема ништо спорно во постапката што ја презела.

„Унапредувањето на д-р Зоран, кој е мој сопруг, го направив од причина што докторката која до тој момент беше раководител на тој оддел е на супспецијализација и моментално не е тука. Исполнети се сите критериуми. Во оваа болница сите доктори имаат некаква раководна функција. Можеби имало и други кандидати, но како кардиолози добиле друга раководна функција“, изјавила кусо Доневска за „Макфакс“, по што ја спуштила слушалката.

Директорката Доневска, потврдила дека сите кардиолози имаат раководни функциии во оваа установа. „Макфакс“ објави дека докторката тоа го правела за вработените да земаат поголеми плати, но таа негира. Таа го демантира ова и според неа, раководните функции ги доделувала за подобро функционирање на сите оддели и следење на нивната работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top