Дидие Дрогба одбележа една неверојатна етапа во Челси која беше проследена со толку многу успеси меѓу кои и историската титула во Лигата на шампионите, па токму поради тоа изјавите на легендарниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска поврзани за клубот од „Стемфорд Бриџ“ секогаш се во фокусот на англиската јавност.
Триесет и деветгодишниот Дрогба во овој момент настапува за Феникс и се уште не размислува за ставање крај на фудбалската кариера, но затоа ужива да ги коментира случувањата во Челси каде минатата година му беше понудена и директорска функција која реши да ја одбие поради фактот што уште не е во фудбалска пензија.
Дрогба сигурно повторно ќе добие таква понуда кога официјално ќе стави крај на кариерата, а во меѓувреме реши да открие каква била реакцијата на газдата Роман Абрамович кога му упатил една јасна замерка за тоа што редовно отпушта светски познати имиња од тренерското столче.
Рускиот милијардер смени точно 10 тренери откако го презема клубот во 2003 година, а неговиот одговор за тоа зошто толку лесно ги менува менаџерите е многу едноставен.
– Сите уживаат да велат дека Челси не е стабилен клуб кога се во прашање менаџерите. Но, во модерниот фудбал, многу тешко е да задржите ист тренер во период од трир или четири години. Јас решив да го прашам Абрамович за тоа колку многу тренери смени во неколку сезони, а тој едноставно ми одговори: Дидие, секој пат кога го сменив тренерот, веднаш добивавме резултати, – открива Дрогба за француската радио станица „РМЦ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст