| четврток, 6 декември 2018 |

Блејк Шелтон е најсекси маж!

Кантри ѕвездата Блејк Шелтон е прогласен за најсекси маж на планетава за 2017 година според изборот на магазинот „Пипл“.

Кога слушнал за признанието, реакцијата на Шелтон, кој не обожава да е во центар на внимание, била: „Мора да ви снемало луѓе“.

Но, како што изјавил 41-годишниот пејач за „Пипл“, неговата партнерка Гвен Стефани била таа што го разубедила дека треба да биде горд на признанието.

– Таа ми рече: „Слушај ме, ќе жалиш до крајот на својот живот ако не го прифатиш овој подарок и едноставно не уживаш во моментот“ – раскажал Шелтон.

„Пипл“ бележи дека, без разлика колку и да е популарен меѓу обожавателките, Шелтон, чиј најнов албум насловен „Texoma Shore“ се најде на прво место на „Билборд“, тврдел дека имал неколку чудни фази додека растел.

– Кога би требало да се опишам себе си како дете, еден збор ми паѓа на памет, а тоа е „дебел“. И денес се уште сум дебел – рекол пејачот.

Тој додал дека се обидува да биде во форма со вежбање и со тоа што се храни здраво колку може, иако, како што вели „паѓа на храна и чипс“.

Но, сега неговата нова титула за најсекси маж за кантри ѕвездата е „како потврда” дека ќе ужива во остатокот од својот живот.

– Тоа ќе се користи во секој разговор… Ако ми рече некој господин секси, јас ќе бидам во стилот „имаш право, јас сум секси“. Бев грд цел мој живот, па ако можам да бидам секси една година, нека бидам – се пошегувал Блејк Шелтон.

Шелтон е роден на 18 јуни 1976 година. Тој е американски пејач и текстописец, актер и телевизиска личност. Во 2001 година го имаше своето деби со синглот „Austin“.

Што се однесува до неговиот приватен живот, тој во 2015 година, после два брака кои завршија со развод, почна да излегува со неговата колешка Гвен Стефани.

Најсекси мажи
Магазинот „Пипл“ секоја година од 1985 наваму избира најсекси маж.

Лани титулата му припадна на холивудскиот актер Двеј Џонсон (Карпата), додека во 2015 тоа признание го доби Дејвид Бекам, а во 2014 година Крис Хемсворт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top