Поп-пејачот Даниел Кајмакоски пред речиси девет месеци се реализираше во улогата на татко, која толку многу ја посакуваше, па му се случи.
Сега, откако ја има најголемата среќа во животот, Даниел е сконцентриран на семејството, а пак музиката, барем засега ја стави во втор план.
Неговите обожаватели се почесто знаат да му напишат дека е време да промовира нешто ново на музички план, но на Даниел сепак се уште најубаво и најтопло во срцето му е кога дома, му свири на синот на гитара и му пее.
Деновиве објави фотографија на која ја држи гитарата во рацете и неговото синче, кое од мали нозе покажа дека знае како се држи вратот на гитарата.
„Каков татко таков син“, „Има од кого да учи“, „Си доби наследник“, „Неодоливи“… гласат само мал дел од коментарите за оваа прекрасна фотографија снимена во домот на пејачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст