| четврток, 6 декември 2018 |

Асад: Европа ќе ја плати цената ако им даде оружје на бунтовниците

Европа ќе плати ако ги снабди со оружје бунтовничките сили во Сирија, предупреди сирискиот претседател Башар Асад во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

– Ако Европејците достават оружје, самите ќе станат терористичка територија и Европа ќе ја плати цената за тоа – изјави Асад.
Сирискиот претседател предупреди дека доставувањето оружје ќе предизвикаат извоз на тероризам во Европа.
Според Асад, „терористите ќе се вратат во Европа со екстремистички идеологии“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top