| четврток, 6 декември 2018 |

Книжевни средби во рамките на „Недела на италијанска книга“

Институтот „Данте Алигиери“ во соработка со Амбасадата на Република Италија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и неколку книжарници во Македонија организираат „Недела на италијанската книга“.

До 18 ноември читателите ќе имаат можност да купуваат книги од италијански автори кои ќе бидат на попуст во книжарниците на издавачите Култура, Просветно дело, Три, Или-Или, Магор, Антолог, Сигмапрес, Литература.мк, АрсСтудио, Икона и Матица.

Неделата на италијанска книга е дел од XVII Недела на италијанскиот јазик во светот. Во рамки на оваа манифестација ќе се одржат две книжевни средби со познатиот италијански автор Клаудио Магрис.

Како што соопшти Институтит „Данте Алигиери“, првото предавање на тема „Книжевност, граници, идентитет“ ќе се одржи на 16 ноември во 19 часот во Македонската филхармонија (мала сала), а второто предавање на тема „Како се раѓа книгатa? Размисла, план, писмо“  ќе биде на 17 ноември од 11 часот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (сала за седници). За првото предавање ќе има симултан превод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top