Скопјанката А.Д. (37) синоќа во полициска станица го пријавиле својот сопруг кој физички ја нападнал.
Како што информираат од полицијата таа пријавила дека додека спиела во семејниот дом, нејзиниот сопруг А.Д.(41), обвинувајќи ја за наводна љубовна врска се нафрлил врз неа удирајќи ја со тупаници по главата и телото.
-Откако пријавителката успеала да се ослободи од сопругот си заминала кај нејзините родители, а потоа и пријавила во полиција. Бидејќи оштетената не се чувствувала добро побарала лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“. Пријавителката посочила дека сопругот и претходно ја малтретирал, но дека истата досега не го пријавувала, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст