| четврток, 6 декември 2018 |

Расте бројката на луѓе кои боледуваат од ХОББ

Во Македонија од ХОББ боледуваат 147.000 луѓе, а пушењето се смета за главна причина за оваа болест. Кај нас цигарите се секојдневие на речиси половина од возрасните од 15 до 64 години.

– Податоците за амбулантски и за болнички лекувани болни од ХОББ на клиниката покажуваат тренд на зголемување во последните четири години. Во 2014 година имало 3.195 амбулантски и 523 болнички лекувани, во 2015 година имало 3.737 амбулантски и 586 хоспитализирани, во 2016 имало 4.320 амбулантски и 610 хоспитализации. Во 2017 година досега има 3.587 амбулантски (20 отсто од сите прегледи) и 654 хоспитализации (42 отсто од сите хоспитализирани пациенти) – објаснуваат од Пулмологија.

Ризик-фактори за ХОББ се пушењето, загадувањето на воздухот, професионалната изложеност на штетни гасови, прашина, хемикалии, генетски фактори, неконтролирана астма…

Утре е Светскиот ден на ХОББ. Секоја година Глобалната иницијатива ГОЛД во соработка со здравствените работници и пациентите со ХОББ во повеќе од 50 земји низ целиот свет гласно говорат за да се издигне свеста за болеста.
Според податоците на Светската здравствена организација, од ХОББ боледуваат 328 милиони луѓе, што претставува 5-10 отсто од светската популација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top