Една четвртина од младите меѓу 15 и 30 години во Србија не се вработени, не се школуваат, ниту се усовршуваат на некој друг начин, покажа истражување во рамките на проектот „Мрежи на младински фондови во Западен Балкан и Турција“.
Проектот во наредните четири години ќе се организира во Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија и во Турција. Во Србија проектот го спроведува Фондација „Ана и Владе Дивац“.
– Во Србија стапката на НЕЕТ (сите граѓани кои не се вработени, не се школуваат, ниту се усовршуваат на некој друг начин) за млади меѓу 15 и 30 години изнесува 25,2 отсто, додека во Европската унија изнесува 14,8 проценти. Што се однесува на младите од 15 до 24 години, тој процент е 19,7 во Србија, наспроти 12 отсто во ЕУ, се наведува во истражувањето.
Според истражувањето, најголеми шанси да се најдат во оваа група имаат младите со низок степен на образование, мигрантите, децата од разведени бракови, децата чии родители подолго време се невработени и младите од сиромашни семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст