| четврток, 6 декември 2018 |

Францускиот скијач Давид Пуасон загина по пад на тренинг

Францускиот скијач и освојувач на бронзен медал на светско првенство, Давид Пуасон, почина откако претрпи тешки повреди на тренинг во Канада.

Веста ја потврдија од Француската скијачка федерација.

Триесет и петгодишниот Пуасон почина во канадскиот зимски центар Накиска, во близина на Калгари, каде што се подготвуваше за претстојните трки од Светскиот куп во САД.

Пуасон ја претставуваше Франција на две зимски олимпијади, при што беше седми во спуст во Ванкувер во 2010 година. Најголемиот успех го оствари на Светското првенство во Шладминг во 2013 година, кога го освои третото место во оваа дисциплина. Тој беше ветеран на Светскиот куп со 11 извозени сезони.

Ова не е прва ваква трагедија за француското скијање, откако светската шампионка Режин Кавањо загина на тренинг во 2001 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top