| четврток, 6 декември 2018 |

Балканот го зафати топлотен бран

Според прогнози на метеоролози од хидрометеоролошки центри во балкански држави, топлотниот бран што го погоди Балканот ќе се задржи во следните 4-5 дена. Можни се краткотрајни локални врнежи, кои нема да ја намалат значително температурата.

Од Хидрометеоролошкиот завод во БиХ велат дека утринските температури нема да бидат под 15 Целзиусови степени.

– Во осум часот ќе биде и преку 20 степени. Дневните ќе бидат меѓу 31 и 37 Целзиусови степени до сабота. Тоа е исклучително висока температура во овој дел од годината. В четврток и петок првите утрински температури ќе бидат и преку 20 степени – вели за Анадолија, Дамир Шантиќ од Федералниот хидрометеоролошки завод на БиХ.

Намалување на температурите се очекува в сабота и недела кога нема да бидат над 32 степена.

И во Црна Гора се очекува сончево време додека на север во државата во утринските часови се очекува магла, а попладне краткотрајна нестабилност. Температурата на морето денеска ќе биде над 20 Целзиусови степени.

Врнежи во Србија се очекуваат в сабота, а дотогаш утринските температури ќе бидат над 20 степени, додека максималните дневни – над 36 степени.

Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска соопшти дека од утре државата ќе ја погоди топлотен бран со температури над 35 степени. Во текот на ноќта нема да бидат под 20 Целзиусови степени.

За време на горештините, лекарите ги советуваа своите граѓани во тие балкански држави да не излегуваат без потреба во периодот од 10 до 17 часот, хроничните да земаат редовно терапија, како и обврзно носење вода со себе доколку мора да се излезе надвор во тој период. Им се препорачува да не оставаат деца во паркирани автомобили, избегнување напорна физичка работа, радовно и доволно примање течности, избегнување алкохол и напитоци со премногу кофеин и шеќер, како и носење заштитни очила и соодветна облека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top