| четврток, 6 декември 2018 |

Владата распиша оглас за волонтирање

Канцеларијата на Премиерот и на Генералниот секретаријат на владата ги отворија вратите за младите луѓе, конкретно за оние што ја сакаат волонтерската работа. Можност за пријавување имаат студентите од терцијарниот образовен систем, а предност ќе имаат оние што студираат правни, политички, економски и филолошки науки.

Огласот е распишан во петокот и ќе трае до дваесет и први месецов. На избраните ќе им се дава месечен надомест за превоз и храна во висина од околу четири и пол илјади денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top