| четврток, 6 декември 2018 |

Петгодишно девојче прогласено за терорист

kittti puska

Едно петгодишно девојче е обвинето за „терористички закани“ откако возрасна личност слушнала како зборува дека ќе „застрела“ една од нејзините колешки. На крајот се утврдило дека закана немало, затоа што се работи за розов пластичен „Хело кити“ пиштол кој испалува балони од сапуница.

Нејзиниот адвокат, Робин Фицкер тврди дека станува збор за безопасна детска играчка, но така не мисли управата на градинката која девојчето прво го испрашале без присуство на родителите, а потоа и ја суспенидрале заради „терористички закани“ и одлучила детето да не се враќа во градинка се додека не помине психијатриската проценка.

Мајката на девојчето се обидела детето да го префрли во друга градинка, но не успеала затоа што во нејзиното досие се наоѓа случајот „терористички закани“ која управата подоцна најверојатно сфаќајки го апсурдот го формулирала како „закани дека може да се наштети на друг ученик“, но тоа посебно не ја менува ситуацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top