| четврток, 6 декември 2018 |

Друштво на филмски работници на Македонија: Неопходно е да се смени Законот за филмска дејност

Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) во соработка со Агенцијата за филм на Македонија одржало трибина на која се разговарало за состојбата во македонскиот филм и за неопходноста од промена на Законот за филмска дејност, соопштија од ДФРМ.

„Низ конструктивна атмосфера се дискутираше за проблемите во македонскиот филм и за начинот како тие да се надминат. Беше формирана работна група која ќе ги сублимира забелешките за постојниот Закон за филмска дејност и на наредната средба истите ќе бидат подготвени во форма на предлог до Министерството за култура. В.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија ги запозна присутните за лошата состојба во која се наоѓа институцијата и неговите размислувањa за начинот на кој тој ќе раководи со неа. Од присутните беше искажана поддршка за погледите и насоките што тој има намера да ги спроведе. Беше изразено задоволство што за прв пат на чело на најважната филмска институција е поставен човек од фелата со кој може отворено и транспарентно
да се дискутира за проблемите во филмската дејност“ се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top