| четврток, 6 декември 2018 |

Изгледа бизарно, ама делува: Јапонец открил едноставен метод како да одзатне нос

Во ова време на чести настинки, вирози и грип, затнат нос е една од најголемите напријатни работи.

Најчесто проблемите со затнатиот нос се решеваат со капки за нос или спреј, но има и неколку чудни, бизарни решенија кои може да бидат корисни, ако немате при рака лекови.

Еден јапонски твитерџија истакнува дека нему, секогаш му успева да го одзатне носот ако стиска пластично шише под пазувите, бидејќи на тој начин, наведува тој, ја стимулира работата на парасиматичниот нервен систем.

– Од сите методи кои ги пробав во животот, стискање шише под пазувите се покажа како најдобро. Важно е само шишето да се држи некое време во контра правец во однос на застнатата носница – напиша тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top