| четврток, 6 декември 2018 |

Пуџдемон удри по ЕУ: Европската унија е карикатура (Видео)

Сменетиот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон, ја критикуваше Европската унија поради нејзиниот одговор на кризната во Каталонија, поточно поради поддршката која Брисел ја дава на Мадрди, нарекувајќи ја унијата „карикатура на она што Европа е, и што сака да биде“.

Лидерите на многу европски земји, како и главни институции на ЕУ, застанаа на страната на шпанскиот премиер Маријано Рахој, додека за кризата говореа како „внатрешна работа на Шпанија“.

Пуџдемон ги окарактеризира како издавање на „основните вредности кои довеле до создавање на Европа“.

-Што ќе стане ЕУ во рацете на овие луѓе?, се запраша Пуџдемон, нагласувајќи дека не сака раководството на ЕУ да го помеша со традиционалните вредности со „нивните политички и економски интереси“.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер ги повика оваа недела државите членки на ЕУ да се борат против сепаратистичките тенденции во Европа, мислејќи притоа на Шкотска, Ломбардија, Венеција и други региони ширум континентот, кои изразија големи желби за самоопределување.

-Национализмите се отров кој ја спречува Европа да работи заедно. Не можеме да седиме со скрстени раце, додека не дојде време да се направи она што мора. Велам „не“ на секој обид за сепаратизам кој ја слабее Европа и шири постојани јазови, кажа Јункер во четвртокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top