| четврток, 6 декември 2018 |

Од топлес танчерки до згодни министерки: Ова се најубавите политичарки во светот (фото)

Иако многумина знаат да кажат дека не следат политика, сепак откако ќе ги видат овие политичарки, барем припадниците на посилниот пол, ќе бидат малку позаинтересирани. Порталот „Reckon talk“ направил листа од најубавите политичарки.

Иако тие сега се дел од власта, работат на министерски или други високи функции, сепак нивниот живот не секогаш бил поврзан со политиката.

Мара Карфања

Иако некогаш била топлес танчерка, сега е во политиката. Оваа италијанка три години беше министерка за еднаквост, а пред да влезе во политиката работела и како ТВ водител. Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони во една прилика изјавил дека веднаш би ја оженил, доколку не бил во брак.

Ева Каили

Поранешната водителка била избрана за пратеничка во грчкиот парламент во 2007 година и се уште го носи епитетот најубавиот парламентарец кај јужниот сосед.

Ана Марија Галојан

Оваа убавица го води европското движење во Естонија. Важи за една од најмоќните жени во оваа земја, а има позирано и за Плејбој.

Вера Лишка

Таа е поранешна австриска пливачка која има настапено и на Олимписките игри, а веќе повеќе од една деценија е активна на политичката сцена во својата татковина.

Кралицата Ранија

Јорданската кралица за многмина е една од најмоќните жени на светот. Таа особено многу се залагала и работела на подобрување на образованието во оваа земја, а има и многу свои уманитарни организации кои работат на Блискот ИСток.

Никол Минети

Иако во минатото работела како стоматолошки техничар, станала политичарка со помош на поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони. Како и за повеќето жени кои ги поврзувале со Берлускони, и за неа медиуми ителијанскиот пишувале дека преку креветот стигнала до високи функции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top