Струга секна – секојдневно без капка вода остануваат цели региони од градот. Револтот кај стружани е голем бидејќи не се работи за неколку денови или месеци, чешмите да им останат суви,проблемот со водоснабдувањето ги мачи со години. Ќе се смрдиме –велат стружани, да е лето ќе се капиме во Дримот. Тие се заканија дека нема повеќе да ги плаќаат сметките за вода. Водоснабдувањето е главен проблем кој стружани, го истакнуваа за време на изборите, објави Алфа.
Од МЈП „Проаква“ велат дека издашноста на изворите од кои градот се снабдува со вода била драстично намалена,што се должи на неповолната хидролошка состојба.
Од четирите пумпни станици во струшко, работи само една бидејќи нема вода. Од струшката подружница на „Проаква“ се принудени да воведуваат рестрикции,исклучувајќи го главниот резервоар во Заграчани од 23 ч до 6 часот наутро.
Згора на се, дополнителен проблем е и слабата наплата на вода, стружани на ,„Проаква“ и должеле околу 3 милиони евра,пари со кои може са се обнови пумпната страница во Шум на која не е интервенирано 15 години, а изградена е во 1978 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст