| четврток, 6 декември 2018 |

Во авион дознала за неверството на сопругот, пилотот морал принудно да слета

На лет за Бали жена испила некоја чашка повеќе и одлучила да прочепка по телефонот на сопругот додека тој спиел. Нашла непримерни пораки и сосем полудела. Ја исфрлиле од авионот…

Наизглед рутинскиот лет од Доха до Бали присилно е стопиран откако една жена открила дека сопругот ја изневерува. Имено, мажот заспал, а сопругата го отклучила неговиот мобилен и нашла докази за неверство.

Почнала да дивее и го разбудила, а за нивната кавга сведочеле останатите патници. Вработените во авионот на Катар Ервејс, пробале даја смиран разбеснетата и алкохолизирана жена, но безуспешно, пишува австралискиот портал news.com.au.

Пилотот во тој момент одлучил присилно да слета и да ги исфрли иранските сопружници со кои било и нивното дете. Избркани биле на аеродромот Ченаи во Индија, а авионот го продолжи својот пат до Бали. Од друга страна, семејството преку Куала Лумпур се вратило во Доха.

За инцидентот се огласиле и индиските сили за воздухопловната сигурност, тие потврдија што се случувало, додека од Катар Ервејс не сакале да го коментираат случајот поради „почитување на своите патници“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top