ЦИА во 1977 го испитала бугарскиот политички мигрант Димитар Димитров, бидејќи тој наводно знаел кој го убил претседателот Џон Кенеди, јави Си-Ен-Ен, цитирано од весникот Телеграф. Ова станува јасно од документ, обелоденет вчера од Националниот архив на САД. Тој е дел од уште една порција од над 13.000 документи поврзани со истрагата за убиството на Кенеди, извршено на 22.11.1963 година во Далас.
Документот е изготвен од Синкуергана
Во него се истакнува дека Димитров, со прекар Кели, бил во затвор во Грција во 1950-1951 г., бидејќи од шпионската агенција стравувале дека тој може да го прифати предлогот на француското разузнавање.
Синкуергана не појаснува зошто Бугаринот бил толку интересен за тајните служби. Од други извори, сепак, станува јасно дека Димитров бил водечки уредник во екипата на радио станицата Горјанин што зрачела благодарение на контролата и на ЦИА. Рдиостаницата, која подготвувала пропагандни емисии насочени кон комунистичка Бугарија, била сместена крај Атина.
По 6 месеци минати во затвор, тој бил однесен во Панама, каде што бил претставен како психопат и неколку месеци бил изолиран во американска воена болница. Поради неговиот престој во грчкиот затвор и американската воена болница Димитров бил непријателски расположен против САД и разузнавањето.
Од ЦИА разгледувале да врз него ја применат програмата – т.е да го обработат со психотропни супстанции, за да го искористат за цели на агенцијата. Тврдењата дали тоа се случило се контрадикторни. Димитров повторно западнал во видното поле на тајните служби, откако се обидел да ја раскаже својата приказна за притворањето на списанието Парејд во 1961.
Претставник на списанието сепак се поврзал со помошникот на шефот на ЦИА, за да ја провери информацијата. Со оглед на тоа дека во 1977г. Бугаринот бил жив и продолжил да говори дека поседува информации за убиството на Кенеди. Синкуеграна им посочил на началниците да преземаат дејствијата кои сметаат се неопходни.
Исчезнувањето на Бугаринот се поврзува со фактот дека тој разговарал со холандскиот телевизиски новинар Вилем. На 8.09 предметниот вели дека има нов извор за убиството на Кенеди, имено – Димитров. Се проценува дека Бугаринот го споменувал името на убиецот јавно. Што се случило со него потоа малку се знае. Постојат информации дека поранешни вработени на ЦИА сепак признале во 4 очи дека Димитров бил убиен, а неговото тело никогаш нема да биде најдено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст