Стотици илјади луѓе се собраа во Барселона и побараа ослободување на уапсените каталонските политичари кои се залагаат за независност на Каталонија.
Според полициските податоци, на протестот имало 750.000 луѓе. Во затвор се осум членови на распуштената каталонска влада и двајца активисти за независност на Каталонија. Шестмина од обвинетите пратеници на распуштениот регионален парламент минатата недела беа пуштени да се бранат од слобода.
Каталонската криза е најголемата со која се соочува Шпанија во изминатите четири децении. Еден ден откако каталонската влада на Карлес Пучдемон прогласи независност на 27 октомври, владата на Шпанија воведе директна управа во Каталонија, ја смени владата на Пучдемон и го распушти регионалниот парламент. Регионалните избори се закажани за 21 декември.
Пучдемон се наоѓа во Белгија каде се предаде на тамошните власти и чека одлука од судот за налогот за негово апсење што го издаде Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст