На гласачкото место 2901 во општина Чаир каде се прегласува вториот круг од Локалните избори дo 10 часот на гласање излегле 4,45 проценти од запишаните избирачи.
Портпаролката на ДИК Љупка Гугчевска на пресконференција информира дека гласањето започнало навреме во 7 часот и оти досега гласањето се одвива непрекинато. На гласање, како што рече, до 10 часот излегле вкупно 32 избирачи.
Таа потсети дека запишаните избирачи од Избирачкото место 2901 и денеска имаат можност доколку е повредено нивното избирачко право да достават приговор до ДИК во рок од 24 часа и соопшти дека до сега до ДИК не е доставен ниту еден ваков приговор.
На граѓаните, како што рече, на располагање и денеска им стои бесплатната телефонска линија на ДИК за пријавување на неправилности 0800 555 44.
Следната пресконференција на ДИК е во 14 часот на која ќе соопштат информации за излезноста до 13 часот и за текот на гласањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст