| четврток, 6 декември 2018 |

ИД повторно го контролира сирискиот град Букамал

Исламска држава ја вратила контролата над Букамал, град на истокот на Сирија соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

„Исламска држава во целост ја вратила контролата над Букамал. Силите на режимот и нивните сојузници се држат на километар или два од предградијата – соопшти директорот на Опсерваторијата, Рами Абдел Рахман.

Пред два дена беше објавено дека екстремистите се повлекле од градот пред сириските сили целосно д го заземат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top