| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија и Бугарија пред договор – нема роаминг

Бугарија ќе биде првата земја членка на ЕУ во која за Македонците нема да се наплаќаат дополнителни роаминг трошоци за мобилни разговори, пораки и интернет. Се очекува договорот да биде постигнат меѓу двете земји независно од директивите на ЕУ.

Досега Македонија успеа да ги намали трошоците за роаминг со земји како Србија, БиХ и Црна Гора од опкружувањето со цел да ги следи европските политики каде на територија на ЕУ целосно е укинат роамингот како исторички чекор.

Подготвениот меморандум за билатералната спогодба меѓу Македонија и Бугарија може да биде потпишан на заедничката седница на двете влади која се планира да се одржи на 23 ноември во Струмица.

Тоа го најави бугарскиот министер Ивајло Московски, според кој со потпишување на меморандумот ќе им биде дадено зелено светло на мобилните оператори за намалување на цените на разговорите, на СМС-пораките и на интернетот во телефонскиот сообраќај меѓу двете земји. Според него, реално е да се очекува укинување на роамингот меѓу Бугарија и западнобалканските држави за време на нејзиното претседавање со Европска унија во првата половина на 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top