| четврток, 6 декември 2018 |

Јадете ги овие намирници – нема да се здебелите

Количината на калориите кои овие намирници ги содржат е занемарлива со користа кои пружаат на нашето здравје. Затоа секогаш во вашата чинија нека има краставици, кромид…

Зелка – го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и добро делува на организмот. Содржи витамин Ц и влакна кои често недостасуваат во секојдневната исхрана.Грејпфрут – го стабилизира шеќерот во крвта и помага при контролирање на апетитот. Се препорачува зголемена конзумација кај луѓето кои се борат со вишокот на килограми.

Свежа краставица – Иако обично се смета за зеленчук, краставицата всушност е овошје. Полна е со хранливи состојки и билни соединенија и антиоксиданти.

Тие исто така содржат голема количина на вода и растворливи влакна, што ги прави идеални за хидратација на телото и голем сојузник во губење на тежината.

100 g = 0,1 g масти, 15 калории

Домат – Здравствените придобивки од доматот првенствено произлегуваат од витамини, минерали и хранливи материи што ги содржат. Доматите се богат извор на витамини C, K, B6, тиамин, ниацин, магнезиум, фосфор, бакар, диетални влакна, фолна киселина, калиум и манган. Тие исто така содржат минимален холестерол или заситени масти.

100 g = 0,1 g маснотии, 24 калории

Зелна салата – Го смирува нервниот систем во телото. Таа содржи витамини А, Д, Е и К и влакна. Дневната конзумација на салати го контролира шеќерот, помага во губење на тежината и нормализира работата на цревата, пишува Foodal.

100 g = 0,3 g масти, 12 калории

Тиква – Ја нормализира работата на срцето и варењето, што им помага на луѓето во симнување на вишокот килограми. Содржи витамин А кој е заслужен за подобар вид, бета каротен и силен извор на влакна.
100 g=0,3g маснотии, 12 калории

Целерот – целерот го намалува ризикот на холестерол и болки предизвикани од артритис, помага и во губењето на телесната тежина, ги исфрла токсините и го намалува високиот притисок. Богат е со витамин Ц и тоа е многу корисен за здравјето

100g =0,1 маснотии, 12 калории

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top