Претседателот на Русија Владимир Путин денеска изјави дека тој имал нормален дијалог со американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК) во Виетнам.
Путин го опишал Трамп како некој што е цивилизиран, образован и лесен за соработка.
Рускиот претседател на медиумите им објасни дека до билатерална средба на двајцата на самитот на АПЕК не дошло поради густите распореди и на двете страни и проблеми со протоколот, кои не ги образложи.
Путин истакна дека се уште постои потреба за понатамошни контакти меѓу САД и Русија, за да разговараат за безбедноста и економскиот развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.