| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп предупредува: Путин е навреден што го обвинуваме за вмешаност во изборите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска рече дека неговиот руски колега Владимир Путин бил навреден од обвинувањата дека Русија се мешала во претседателските избори во САД минатата година.

Изјава на Трамп доаѓа по средбата за време на самитот на Азископацифичката економска соработка во Виетнам.

„Можете да го прашате колку пати сакате, тој вели дека воопшто не се мешал во нашите избори“, рече Трамп.

Додека Демократите во Конгресот водат истраги за вмешаноста на Русија во изборите, Путин ги отфрли овие обвинувања како „политичка борба“.

Иако било најавено дека ќе имаат официјална средба, Путин подоцна го променил протоколот, па Трамп вели дека имал само два-три кратки муабети со него во Да Нанг.

„Тој кажа дека не се мешал. Го прашав неколку пати. Путин ми кажа дека е многу навреден од таквите обвинувања, што не е добра работа за нашата земја“, рече денеска претседателот Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top