Министерството за внатрешни работи информираше дека откриле 13 мигранти кај Струмица.
Полицајци од полициската станица за гранично преминување и граничен надзор „Богородица“ и полицајци од Хрватска на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на бензиска пумпа забележале две сонмителни возила.
Патролата им дала знак на возилата за да застанот, но тие со зголемена брзина се упатила по патот за Струмица, а на крстосницата кај село Раборци го промениле правецот и се упатиле накај село Попчево.
Возачот од едното возило, додека тоа било во движење излегол од него и се качил во другото, по што со голема брзина се упатила накај селото Водоча.
При претресот во возилото биле пронајдени 10 мигранти и уште тројца мигранти кои биле во непосредна близина. Сите биле однесени во полициска станица за понатамошна постапка. Најверојатно мигрантите ќе бидат сместени во центарот за прием на мигранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти