Сменетиот каталонски лидер, Карлес Пучдемон, наведе дека јавноста го третира како педофил откако е пуштен да се брани од слобода во Белгија.
Пучдемон се наѓа во Брисел каде што замина кога Каталонија прогласи независност, а Мадрид ја смени каталонската влада.
Тој и уште четворица министри ѝ се предадоа на белгиската полиција, а еден ден подоцна беа ослободени.
-Ме третираат како криминалец, како педофил, сериски убиец. Тоа е злоставување. Ова е користење на судовите во политички цели. Тоа е закана бидејќи делото за кое сум обвинет може да ме затвори зад решетки 30 години. Тоа е лудост. Тоа не е правда, туку освета- рекол Пучдемон за „Скај Њуз“.
Тој рекол дека не е бунтовник и дека е многу дисциплиниран.
-Само сакам да го направам тоа што го одобри мојот парламент. Тое е многу нормално, нема ништо бунтовничко во тоа- рекол Пучдемон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.